За борба со војната и со коронавирусот

ОН бараат 2,4 милијарди за Јемен, хуманитарните агенции се пред банкрот

Агенциите на ООН што се обидуваат да им помогнат на милионите луѓе што се во опасност од конфликтот во Јемен се пред банкрот, предупреди вчера помошникот на генералниот секретар за хуманитарни прашања Марк Лоукок.

Тој упати апел дека се итно потребни 2,4 милијарди долари за најголемата светска хуманитарна операција.

Тој вчера на брифинг предупреди дека програмите за Јемен се намалуваат, а ситуацијата не може да се опише никако поинаку освен како „алармантна“.

„Дали светот е спремен едноставно да набљудува како Јемен паѓа во бездната?“

На 80 отсто од популацијата во Јемен, 2 милиони луѓе, им е потребна помош.

Лоукок рече дека од 2,4 милијарди американски долари потребни за финансирање на хуманитарната операција до крајот на годината, 180 милиони американски долари се за борба против епидемијата на коронавирусот во Јемен, за која Обединетите нации соопштија дека брзо се шири.

Во Јемен од 2015 година војуваат јеменските безбедносни сили, поддржани од арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија, и шиитските бунтовници поддржани од Иран.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе