„Пандемијата повторно ќе го засени Божиќ“

Омикрон за еден месец ќе биде доминантен во Европа, вели шефицата на ЕУ

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека варијантата на коронавирус омикрон се очекува да стане доминантна во Европската унија до средината на јануари.

Фото: ЕПА

Шефицата на извршното тело на Европската унија рече дека Унијата е подготвена да се бори против омикрон, имајќи предвид дека 66,6 отсто од населението на ЕУ е целосно вакцинирано против коронавирус.

Фон дер Лејен додаде дека е убедена дека ЕУ има и сила и средства да го победи ковид, но го изрази своето разочарување што пандемијата повторно ќе ги наруши празниците.

„Како и многумина од вас, тажна сум бидејќи пандемијата повторно ќе го засени Божиќ“, рече фон дер Лајен, пренесе АП.

Таа додаде дека Европската унија сега се соочува со двоен предизвик - голем пораст на бројот на случаи во последните недели поради делта варијантата, но и доаѓањето на варијантата омикрон.

„Гледаме дека голем број луѓе се разболуваат, значително се оптоварени болниците и, за жал, зголемен е бројот на смртни случаи“, рече таа.

Но, таа додаде дека зголемувањето на бројот на заразени сепак се должи првенствено на ширењето на делта варијантата.

„Она што ме загрижува е што сега на хоризонтот гледаме нова варијанта, омикрон, која според сите проценки е уште позаразна“, рече шефицата на Европската комисија.

Благодарение на високите стапки на вакцинација во многу земји-членки на Унијата и достапноста на вакцините, Фон дер Лајен рече дека Европа сега се наоѓа во подобра позиција. Таа додаде дека повеќе од 300 милиони луѓе во ЕУ се целосно вакцинирани, а 62 милиони луѓе примиле и бустер доза.

„Првите податоци за омикрон покажуваат дека три дози се најдобрата заштита од новата варијанта“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе