Олаф Шолц: Гласачите сакаат влада на зелените и либералите предводени од социјалдемократите

По објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија во понеделникот наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за канцелар Олаф Шолц настојуваат да формираат влада и ѝ порачаа на Унијата ЦДУ/ЦСУ дека е време да одат во опозиција.

Фото: ЕПА

„Гласачите испратија јасен сигнал: тие сакаат влада со зелени и либерали предводени од социјалдемократи. Унијата повеќе не треба да биде во владата, туку треба да оди во опозиција“, порача канцеларот на СПД Шолц по состанокот на претседателството на партијата во понеделникот.

Актуелниот вицеканцелар и министер за финансии рече дека гласачите со своите гласови ставиле до знаење дека сакаат т.н Семафор коалиција (социјалдемократи, либерали, зелени).

Генералниот секретар на СПД Ларс Клингбејл истовремено настојувањето на ЦДУ/ЦСУ да формираат влада по загубата од над осум проценти во споредба со минатите избори и најлошиот изборен резултат во историјата на партијата, го нарече „чиста шега“.

Уште во неделата вечер, за време на ТВ расправата за формирање идни коалиции, Шолц даде до знаење дека гласачите дале јасен сигнал дека ја сакаат победничката партија на власт. СПД, либералите и зелените, за разлика од Унијата, добија поголема поддршка од гласачите на парламентарните избори во неделата отколку на последните избори во 2017 година.

Според привремените официјални резултати, СПД освои 25,7 проценти од гласовите, што е за 5,2 проценти повеќе од пред четири години. Сличен успех постигна и партијата на Зелените со 14,8 проценти, што е подобрување за 5,8 во споредба со минатите избори. Либерално-демократската партија (ФДП) освои 11,5 проценти, што е за 0,8 проценти подобро отколку во 2017 година.

Во исто време, демохристијанската Унија ЦДУ/ЦСУ освои 24,1 проценти, што е за 8,9 проценти послаб резултат отколку во 2017 година.

Меѓу губитниците се вбројува и деснопопулистичката Алтернатива за Германија (АфД), која освои 10,3 проценти, 2,3 проценти послабо отколку пред четири години. Партијата Левица исто така загуби голем број гласови и падна под изборниот праг од пет проценти со 4,9 проценти, но благодарение на директните мандати останува во Бундестагот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе

Неразрешеноста на случајот („Јавна соба“) дури после речиси две години од неговото откривање ја активира јавноста бидејќи се руши илузијата дека надлежните работат на случајот.

повеќе

На националистичките агенди во регионот им треба релативно мала искра за да се направи многу поголем пламен.

повеќе