Окупирана украинска област планира референдум за приклучување кон Русија

Администрацијата формирана од Русија во окупираниот дел на регионот Запорожје планира подоцна годинава да организира референдум за приклучување кон Русија.

Фото: ЕПА

„Луѓето ќе одлучат за судбината на регионот Запорожје. Референдумот е планиран за оваа година“, изјави претставникот на администрацијата Владимир Рогов.

Еден украински функционер го отфрли планот, велејќи дека локалните граѓани никогаш нема да гласаат за приклучување кон Русија.

Околу две третини од областа се под руска контрола, дел од големата територија во јужна Украина што Москва ја освои во почетокот на војната, вклучувајќи и најголем дел од соседната област Херсон, каде што официјалните лица назначени од Русија исто така разговараат за планови за референдум.

Рогов рече дека администрацијата ќе подготви планови за одржување референдум дури и ако Русија не може да добие контрола врз целата област. Градот Запорожје сѐ уште е под контрола на Украина.

Околу 1,6 милион луѓе живееја во областа пред Русија да ја нападне Украина на 24 февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе