Оклопни возила на шпанска плажа – сериозна криза за Европа (ВИДЕО)

Ненадејниот прилив на емигранти кои допливаа во шпанската енклава Сеута на северот на Африка е сериозна криза за Европа, изјави шпанскиот премиер Педро Санчез.

EPA-EFE

Тој вети дека брзо ќе воспостави ред среде засилените дипломатски тензии со Мароко. Шпанија распореди и војска во Сеута, а Мароко го повика својот амбасадор во Мадрид на консултации.

„Повторно ќе воспоставиме ред во градот и на неговите граници“, кажа Санчез во телевизиското обраќање, пренесува Ројтерс.

Шпанија распореди воени трупи и испрати дополнителни полициски сили во Сеута за да патролираат по границата со Мароко откако околу 8.000 емигранти, вклучувајќи 1.500 малолетници, во понеделникот и вторникот влегоа во енклавата.

Министерот за внатрешни работи Фернансо Гранде Марласка кажа дека Шпанија испратила уште 200 полицајци во Сеута за да патролираат по границата.

Оклопни возила ја чуваа плажата во енклавата во вторникот, а војниците и полицијата ги отстрануваа емигрантите од плажата и фрлаа димни бомби за да ги спречат другите да преминат.

Ројтерс јавува дека сега многу помалку емигранти се обидуваат да влезат во шпанската енклава, како и дека повеќе од оние кои влегле заминале од плажата.

Шпанија соопшти дека околу 4.000 емигранти се вратени во Мароко.

Илјадници африкански емигранти се обидуваат секоја година да влезат во шпанските енклави Сеута и Мелиља, надевајќи се на подобар живот во Европа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе