Огромни немири во САД, Трамп засега нема да ја преземе контролата врз Националната гарда (ВИДЕО)

Американската влада нема во овој момент да ја искористи можноста за преземање на контролата врз Националната гарда, изјави денес советникот на претседателот Доналд Трамп за национална безбедност Роберт О’Браен, додека низ САД беснеат немири поради смртта на неовооружениот црнец при насилното апсење.

EPA-EFE

„Нема да ја федерализираме гардата во овој момент. Но, ако е потребно, имаме дополнителни воени сили кои можат да бидат распоредени. Ако на гувернерите и градоначалниците им требаат тие сили и ако не можат да ја контролираат ситуацијата“, им кажа О’Браен на новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека одлукте за воведување ред треба да ги носат гувернерите и градоначалниците.

„Ќе направиме сѐ што на гувернерите и градоначалниците им треба за да ја одржат контролата врз своите градови“, истакна советникот на претседателот.

Неколку дена траат насилните протести низ САД поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, на кого бел полицаец му го згмечи вратот со колено по што Флојд умре.

Националната гарда соопшти денес дека пет илјади војници се активирани во повеќе од 15 држави и во Вашингтон Д.Ц., но дека „државните и локалните“ полициски сили и понатаму се одговорни за безбедноста.

Уште две илјади припадници се спремни ако тоа бде потребно, се наведува во соопштението.

Националната гарда е организирана по сојузните држави и територии и со неа командува гувернерот.

Но, од 2006 година американскиот претседател може да мобилизира единици на територијата на САД без дозвола на гувернерот.

Судирите меѓу демонстрантите и полицајците ги тресат петта ноќ по ред американските градови и покрај полицискиот час кој властите го прогласија во дел од нив за да го смират гневот запален од смртта на Флојд.

Трамп вети дека ќе го сопре „колективното насилство“ по вандализмот на американските улици.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе