Огромни експлозии во Сирија откако израелски авиони бомбардираа сириски воени бази (ВИДЕО)

Повеќе воени бази во Сирија беа цел на израелски воздушен и ракетен напад врз воени позиции во централна Сирија.

Screenshot

Нападот следи набрзо по сличен напад врз позициите на сириските оружени сили на југот на земјата во кој загинаа двајца војници, соопшти министерството за одбрана во Дамаск, пренесуваат агенциите.

Државните медиуми известија дека сириската противвоздушна одбрана дејствувала пресретнувајќи голем број израелски проектили, како и дека во нападот била направена само материјална штета.

Израел ретко се огласува за ваквите напади врз цели во Сирија, но во последните неколку недели се извршени повеќе напади врз воени цели во внатрешноста на Сирија за кои се верува дека се ирански.

Во последните два месеци Сирија го обвини Израел за најмалку осум воздушни напади врз цели на нејзина територија.

Додка растат тензиите и на либанско-израелската граница, израелски функционери обвинуваат дека милитантниот, проирански Хезболах се обидува да изгради погон за производство на прецизни, наведувани ракети.

Британски хуманитарци во Сирија соопштија дека Израел, меѓу другото, гаѓал и магацин за оружје кој го користи Хезболах, во близина на градот Саламија.

Приватното сириско радио Шам ФМ јави дека тројца цивили се повредени со шрапнели по експлозија на израелски проектил, додека други сириски извори наведуваат дека настрадале седум луѓе.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, пак тврди дека во тие напади загинале пет ирански екстремисти, пренесуваат израелските медиуми.

Легенда под Главна слика

Screenshot

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе