Огромната експлозија во Бејрут била предизвикана од амониум нитрат. Што всушност е тоа?

Либанските власти соопштија дека амониум нитрат е причина за вчерашната огромна експлозија во Бејрут, во која загинаа најмалку 100 луѓе, а повеќе од 4.000 се повредени.

Фото: ЕПА

Амониум нитратот, за кој либанските власти рекоа дека е причина за експлозијата во Бејрут, е кристална супстанција, без мирис, и најчесто се користи како ѓубриво, а со децении е причина за индустриски експлозии, меѓу кои и намерно предизвиканата експлозија во Тексас во 2013 година, во која загинаа 15 лица, и експлозијата во хемиска фабрика во Тулуз, предизвикана случајно, во 2001 година, во која загинаа 31 лице.

Во комбинација со масла за ложење, амониум нитратот создава моќен експлозив што масовно се користи во градежната индустрија, но го користат и бунтовничките групи како талибанците за импровизирани експлозиви.

Тој беше и составен дел од бомбата во нападот во Оклахома во 1995 година.

Во земјоделството, ѓубривото со амониум нитрат се применува во гранули, кои брзо се раствораат во влага овозможувајќи му на азотот, клучен за раст на билките, да продре во почвата.

Премиерот на Либан, Хасан Диаб, рече дека експлодирале 2.750 метрички тони амониум нитрат, кој со години се чувал во пристаништето, при што загинаа стотина луѓе, а либанската престолнина претрпе досега невидени штети.

Сепак, во нормални услови на складирање и без многу висока топлина, тешко е да се запали амониум нитратот, изјави за АФП Џими Оксли, професорка по хемија на Универзитетот Род Ајленд.

„Ако погледнете видео (од експлозиите во Бејрут), гледате црн чад, гледате црвен чад, тоа е нецелосна реакција“, рече таа.

„Претпоставувам дека имало мала експлозија што предизвикала реакција на амониум нитрат - дали малата експлозија била случајна или намерна уште не знам.“

Ова е затоа што амониум нитратот е оксиданс - го подобрува согорувањето и им овозможува на другите супстанции полесно да се запалат, но самиот не е лесно запалив.

И покрај опасноста, Оксли вели дека легитимната употреба на амониум нитратот во земјоделството и градежната индустрија го направила неопходна.

„Немаше да го имаме овој современ свет без експлозивите и немаше да можеме да го храниме населението што го имаме денес без ѓубривата со амониум нитрат.

„Потребен ни е, но мора да бидеме внимателни како постапуваме со него“, рече таа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе