ЛАРСЕН Б ВТОР ДЕЛ?

Огромна откршена санта отплови од антарктичкиот гребен (САТЕЛИТСКИ ФОТОГРАФИИ)

Огромна ледена санта, голема колку четвртина Македонија, продолжува да плови подалеку од гребенот, по антарктичкото Веделово Море, предизвикувајќи страв дека нејзиното движење може да доведе до поместување на еден друг голем леден гребен.

Сателитските снимки направени од вселената откриваат дека сантата А68, која во јули се одвои од ледениот гребен Ларсен Ц, значително ја сменила својата позиција.

Со откинувањето A68 стана рекордно најголемата санта, со тежина од неверојатни трилион тони.

Нагласувајќи го „пловењето“ на масивниот леден брег, професорот по климатски услови Стеф Лермит на Твитер објави фотографии од сателитот Сентинел 1 на Европската вселенска агенција и НАСА.

„По првичното движење напред-назад, се чини дека сантата A68 на Ларсен Ц сега плови“, рече Лермите.

Овој професор на Универзитетот во Делфт постираше и сателитски снимки од зголеменото растојание на ледениот брег од гребенот од кој се откина.

Не се смета дека сантата претставува непосредна закана за луѓето, бидејќи се наоѓа во ненаселен регион.

Сепак, постои загриженост дека нејзиното движење може да го дестабилизира блискиот Ларсен Ц, предизвикувајќи негово драматично уништување - судбина претходно доживеана на Антарктичкиот Полуостров со распаѓањето на Ларсен Б во 2002 година.

Тогаш гребенот Ларсен Б од 3.250 квадратни километри речиси целосно се урна за само еден месец.

Пред откршувањето на А68, Проектот Мидас, група што го следи движењето на ледените брегови во областа, призна дека е неизвесна иднината на полуостровот Ларсен Ц, дебел 600 метри.

„Во следните месеци и години, ледениот гребен може или постепено повторно да порасне, или може да страда од понатамошни откршувања, што на крај може да доведе до колапс - мислењата во научната заедница се поделени. Нашите модели велат дека ќе биде помалку стабилен, но секој иден колапс би се случил за неколку години или децении“, рече професорот Адријан Лукман.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе