Огромна експлозија го разниша Бејрут, причината е непозната (ВИДЕО)

Најмалку една експлозија го разниша главниот град на Либан Бејрут. Причината за експлозијата е непозната, но направени се аматерски снимки од инцидентот.

Twitter

Експлозијата се случила на градското пристаниште денес во 18 часот по локално време. На снимките се гледа дека ударот на експлозијата бил почувствуван во згради одалечени со километри, а кон небото била исфрлена голема печурка од прашина и ѓубре.

Подоцна беше јавено за втора експлозија, овојпат во градскиот центар. Но сѐ уште е нејасно дали навистина имало втора експлозија или штетата во центарот била направена од ударот на првата, иако на снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат два посебни столба од чад во областа на пристаништето.

Локалните жители јавуваат за огромна материјална штета. Редакцијата на весникот Дејли стар била уништена од експлозијата, со искршени прозорци и уништен мебел. Репортерката на Франс24 Лејла Молана Ален јави дека нејзиниот апартман бил „разнесен“, додавајќи дека мисли дека експлозијата била предизвикана од „ракета од борбен авион“.

Легенда под Главна слика

Twitter

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе