Огромен удар за Ердоган: Германија забрани извоз на оружје во Турција

Германија забрани извоз на оружје во Турција поради нејзината офанзива на северот на Сирија против курдската милиција ИПГ, објави германскиот неделник Билд ам зонтаг, пренесувајќи го соопштението на министерството за надворешни работи.

„Во контекст на турската воена офанзива на североистокот на Сирија, сојузната влада нема да издава нови дозволи за воена опрема која Турција би можела да ја користи во Сирија“, кажа шефот на германската дипломатија Хеико Мас.

Германија минатата година извезла во Турција оружје во вредност од 243 милиони евра, што е речиси една третина од германскиот извор на воена опрема.

Берлин не е првиот кој го сопира извозот на оружје во Турција.

Холандија вчера привремено го суспендираше извозот на оружје и опрема во Турција поради офанзивата против Курдите во Сирија, а во средата Шведска најави дека ќе побара Европската Унија да воведе ембарго на продажбата на оружје на Турција. Шведската влада не издава дозвола за извоз на воена опрема на Турција од 2018 година.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе