Огромен раст на бројот на заразените во Индија: над пет милиони случаи (ВИДЕО)

Бројот на заразени со коронавирусот во Индија надмина пет милиони, соопшти индиското Министерство за здравство.

Министерството соопшти дека за само еден ден бројот на заразените скокнал за 90.123 случаи.

Втората најнаселена земја на планетава забележа еден милион нови инфекции за само единаесет дена, а на 11 септември објави рекорден дневен број од 97.570 случаи.

Бројот на починати во земјата од ковид-19 се искачи на 82.066, соопшти Министерството, откако 1.290 лица починаа од оваа болест во последните 24 часа.

Индија е втора во светот по бројот на заразени со коронавирус со 5,02 милиони заразени, по САД, кои имаат 6,59 позитивни на коронавирусот.

Експертите предупредуваат дека стапката на смртност од ковид-19 во Индија може да се зголеми во наредните недели поради олабавувањето на карантинот и на забраните освен во областите со висок ризик.

Но властите категорично ја исклучија можноста за воведување втор карантин низ целата земја додека бројот на оздравените порасна на повеќе од 78 проценти.

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе