Огромен пожар во нафтената саудиска компанија Арамко, по наводни напади со дрон (ФОТО+ВИДЕО)

Напади со дронови на две нафтени постројки на компанијата Арамко во покраината Абкаик и Кураис предизвикаа пожари кои се ставени под контрола, изјави портпаролот на саудиското Министерство за внатрешни работи, без да идентификува чии се дроновите.

Точните цели на нападот и степенот на можната штета сè уште не се познати. Арамко веднаш не одговори на барањето за коментар.

Во Абкаик, 60 километри југозападно од Дахран во саудиската Источна покраина, се наоѓа најголемата рафинерија за нафта во светот. Во Кураис, 190 километри југозападно, се наоѓа второто најголемо нафтено поле во земјата.

Во регионот се зголемени тензиите по нападите во јуни и јули на нафтените танкери во водите на Заливот, за кои Ријад и Вашингтон го обвинија Иран. Техеран ги негираше обвинувањата.

Јеменските хути поврзани со Иран, исто така, извршиле напад преку границата, погодувајќи го нафтеното поле Шајбах од дрон минатиот месец и две станици за пумпање на нафта во мај. Двата напади предизвикаа пожар, но производството не било прекинато.

Безбедносните сили во 2006 година спречиле напад на Ал-Каеда врз Абкаик.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе