„Ова е војна“

Огнот ги голта „белите дробови на планетата“, бразилскиот претседател ги обвинува невладините организации (ВИДЕО)

Екстремно десничарскиот претседател на Бразил Жаир Болсонаро навести дека невладините организации можеби ги предизвикале пожарите кои сега беснеат во Амазонија.

Тој наведе дека тоа било направено за да се „сврти вниманието“ на укинувањето на субвенциите за зачувување на „белите дробови на планетата“.

„Тоа можат да бидат, да, можат да бидат, иако не го тврдам тоа, криминални акции на тие „енвеовци“ за да го свртат вниманието против мене, против бразилската влада. Тоа со што ние се соочуваме е војна“, кажа Болсонаро.

Бројот на шумски пожари во Бразил од почетокот на годината порасна за 83 отсто во однос на целата 2018. Ој раст е особено алармантен во сојузните држави кои се целосно или делумно во амазонската прашума, како на пример државата Мато Гросо, со 13.682 пожари. Тоа е пораст од 87 отсто во однос на целата мината година.

Не е возможно да се процени големината на пространството зафатено со шумските пожати во Амазонија, но снимките кои се шират по социјалните мрежи покажуваат цели области од прашумата покриени со чад и оган.

Болсонаро не даде никакви докази за своите инсинуации на смета на невладините организации, но објасни дека тие го „чувствуваат недостигот на пари“ по суспензијата на средствата за зачувување на прашумата.

На невладините организации им е повлечено финансирањето. Тие добиваа 40 отсто субвенции од странство. Тоа повеќе не го добиваат. Укинати се и државните субвенции. На Болсонаро му е чудно и тоа што пожарите избиле на стратегиски позиции.

„Дури ни вие не би можеле да снимате на сите места на ки гори и да испраќате снимки во странство. Сѐ наведува на помислата дека тие отишле толку далеку за да ги снимаат пожарите. Чувствувам дека е така“, им кажа тој на нивнарите.

Пожарите во Амазонија онично ги предизвикуваат техниките за расчистување на шумите со кои земјиштето се претвора во земјоделско или сточарско или се расчистуваат зоните каде што дрвјата веќе исчезнале, и тоа обично за време на сушната сезона која завршува за околу два месеци.

Болсонаро е на мета на бројни критики од научници, конзервационистички невладини организации и домородното население поради поддршката која им ја пружа на развојот на економските активности во заштитените зони, пред сѐ на земјоделството и рударството.

Двата главни донатори на фондовите за Амазон, Норвешка и Германија, неодамна ги суспендираа субвенциите на тие фондови поради политиката на Болсонаро во областа на заштитата на животната средина.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе