По убиството на екстремистички лидер

Огласена тревога во Тел Авив, се стравува од воздушен напад (ВИДЕО)

Сирените за тревога поради воздушна опасност се огласија утринава во Тел Авив откако еден од лидерите на палестинската милитантна организација Исламски џихад и неговата сопруга беа убиени во израелски воздушен напад.

„Исламски џихад во Газа неселективно испукува ракети врз цивили низ Израел“, соопшти израелската војска на својот Твитер. „Ќе ги одбраниме граѓаните“.

Палестинските милитанти групи испукаа неколку ракетиврз Израел од Појасот Газа. Проектилите ги пресретна израелскиот противракетен систем Железна купола.

Четириесет и двегодишниот Баха Абу ал Ата, лидер на оруженото крило на Исламски џихад, Бригадите Ал кудс, беше убиен, заедно со неговата жена, во израелски воздушен напад врз нивната куќа во источниот дел на градот Газа, потврдија и израелските и палестинските власти.

Исламски џихад, палестинска екстремистичка организација поддржана од Иран, потврди во соопштение дека Ал Ата бил убиен во својот дом, предупредувајќи дека „Израел преминал преку сите црвени линии“.

Палестинската управа објави дека Израел му кажал на функционерот за врска со палестинските територии дека сите премини од Газа во Израел ќе бидат затворени на неодредено време.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе