Во врска со Украина

Формално покрената истрага за импичмент на Доналд Трамп

Американската демократска партија покрена официјална истрага за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп во врска со тврдењата дека извршил притисок врз странска сила за да му наштети на својот политички ривал.

Претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека претседателот „мора да биде повикан на одговорност“.

Трамп негираше дека направил нешто лошо и истрагата ја нарече „лов на вештерки“.

Постои силна поддршка за импичмент од демократите во Домот, но тешко веројатно е дека постапката ќе помине во Сенатот, контролиран од републиканците.

Ризичниот потег на Пелоси, поттикнат од обвиненијата дека Трамп извршил притисок врз украинскиот претседател да го испита неговиот водечки политички ривал Џо Бајден, го подготвува теренот за остра борба меѓу демократите и претседателот пред изборите во 2020 година.

Ако истрагата напредува, Претставничкиот дом ќе гласа за какви било обвиненија и, со мнозинството демократи, гласањето најверојатно ќе се спроведе - со што Трамп ќе стане третиот претседател во историјата на САД против кого е покрената постапка на импичмент.

Но постапката потоа најверојатно ќе наиде на пречка во Сенатот, каде што претседателовата Републиканска партија има доволно места за да го спречи неговото отстранување од функцијата со двотретинско мнозинство.

Високи демократи, меѓу кои и Пелоси, претходно се спротивставуваа на сѐ почестите повици од партијата да почнат постапка за импичмент. Но раководството на партијата се обедини по ова прашање откако еден разузнавач поднесе тужба во врска со еден или повеќе телефонски разговори меѓу претседателот Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Администрацијата на Трамп досега одби да ја објави тужбата на свиркачот пред Конгресот, но демократите велат дека Трамп се заканил дека ќе ја запре воената помош за Украина ако г. Зеленски не се согласи да ги испита неоснованите обвинувања за корупција против водечкиот политички ривал на Трамп, Џо Бајден, и неговиот син Хантер.

Трамп призна дека разговарал за Џо Бајден со г. Зеленски, но негираше дека извршил притисок врз украинскиот претседател да го испита неговиот политички ривал.

Во историјата на САД постапката на импичмент досега е покрената против двајца претседатели - Ендру Џонсон во 1868 година и Бил Клинтон во 1998 година.

Ричард Никсон поднесе оставка во август 1974 година, пред да може да биде отповикан.

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе