Одобрена за три категории на населението

Бајден прими трета доза вакцина против коронавирусот (ВИДЕО)

Американскиот претседател Џо Бајден прими денес трета доза од вакцината против коронавирусот, а вакцинацијата во живо беше пренесувана на телевизија за граѓаните да бидат охрабрени да примат дополнителна доза вакцина.

EPA-EFE

Во САД минатата недела беше одобрено примање трета доза вакцина на Бајонтек/Фајзер за сите лица постари од 65 години и оние кои поради работата се изложени на вирусот.

„Знам дека тоа никој нема да го каже, но јас имам повеќе од 65 години“, се пошегува по вакцинацијата Бајден кој има 78 години.

Претседателот на САД првата доза ја прими на 21 декември, а втората на 11 јануари во живо на телевизија за да го поттикне населението на вакцинација.

Околу 60 милиони Американци имаат право да примат трета доза вакцина шест месеци по втората инјекција.

Американските здравствени власти ја одобрија третата доза за три категории на населението – постарите од 65 години, лицата меѓу 18 и 64 години со фактори на ризик за развој на посериозен облик на болеста и лицата кои поради работата се изложени на вирусот.

Последната категорија ги опфаќа просветните работници, вработените во супермаркетите, здравствените работници и вработените во прифатилиштата за бездомници.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе