Дозволата за регистрација на вакцината Спутник М за тинејџерите ќе важи пет години, се наведува во документите објавени вчера на сајтот на регистарот на лековите на Министерството за здравје на Русија, пренесува ТАСС.
Вакцината се дава во две дози, кои се примаат во интервал од 21 ден.
Министерството напомена дека вакцинацијата на тинејџерите од 12 до 15 години ќе се врши само со согласност на родителите или на старателите, додека тинејџерите од 15 и повеќе години може да ја добијат вакцината со сопствена доброволна согласност.
Директорот на Гамалеја-центарот Александар Гинтсбург објасни дека вообичаената концентрација на Спутник е намалена пет пати за тинејџерите и десет пати за помладите деца.