Односите меѓу Србија и Косово на маса во Белата куќа, Брнабиќ: „На Вучиќ не му се сервираат ултиматуми“

Официјален Белград не очекува ултиматуми од САД за време на дводневните разговори меѓу српската и косовската делегација, кои започнуваат во четврток под покровителство на Белата куќа, додека американските власти велат дека „политичкиот конфликт бара политички решенија".

Делегациите од Белград и Приштина денеска ќе се состанат во Вашингтон за да продолжат со дијалогот за нормализирање на односите, а домаќини на дводневните разговори во Белата куќа ќе бидат специјалниот претставник на американскиот претседател за дијалогот на Белград и Приштина Ричард Гренел и советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан.

Српската делегација е предводена од претседателот Александар Вучиќ, косовската делегација од премиерот Авдулах Хоти и двете страни воочи состанокот испратија различни изјави за агендата на разговорите, додека извори блиски до американската администрација, на кои денес се повикуваат белградските медиуми, наведуваат дека САД немаат „таен план“ и дека темите ќе бидат економски.

Според тие извори од Белата куќа, ќе се разговара за три спогодби постигнати претходно од двете страни - повторно воспоставување воздушна линија Белград-Приштина и развој на железнички и патен транспорт и инфраструктура.

Српскиот претседател претходно изјави дека „очекува изненадувања и тешки преговори“ и можна средба со американскиот претседател Доналд Трамп, истакнувајќи дека би можел да одбие состанок со Трамп доколку на маса се стави изненадување и една точка која е „неприфатлива“ за Србија.

„Бидејќи мислам дека знам каква може да биде содржината на тоа изненадување, поверојатно ќе биде тоа да го одбијам и до таа средба да не дојде“, рече Вучиќ.

Српската премиерка Ана Брнабиќ и министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска испратија пораки дека Вучиќ „не е човек на кој му се сервираат ултиматуми“ и дека шефот на српската држава - доколку има притисок врз Србија да направи отстапки во однос на статусот и признавањето на Косово - „ќе одговори онака како што е во најголемиот национален и државен интерес на Србија“.

Брнабиќ за ТВ Пинк истакна дека „очекува тешки разговори“ во Вашингтон за економски прашања, но не и ултиматуми, бидејќи „Србија денес не е во таква позиција за било кој да ѝ поставува ултиматуми“.

Во исто време, Дачиќ рече дека состанокот нема да биде политички спектакуларен, нагласувајќи дека политичката приказна за статусот на Косово е „целосно неподготвена“.

„Ако некој очекува тоа да биде спектакуларен состанок, сега сепак да се појави некоја политичка рамка, односно да се зборува за статусот – тука веќе работата е целосно неподготвена“, рече Дачиќ за Радиотелевизија Србија.

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на американксиот конгрес, Елиот Енгел, смета дека претстојните разговори меѓу Белград и Приштина се „позитивен чекор“, посочувајќи дека „конечното решение треба да содржи некои клучни принципи“, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Посочувајќи дека конфликтот меѓу Србија и Косово трае долго време и им нанел штета на животите на многу луѓе, Енгел, како што пренесува РСЕ, изјавил дека конечниот документ треба да доведе до меѓусебно признавање на Косово и Србија, иако се сомнева дека такво нешто може да се постигне сега.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој ја оддалечува својата земја од северно-атлантската заедница и ја приближува до Русија, се спротивстави да се стави меѓусебното признавање на маса. Всушност, српската делегација рече дека разговорите ќе бидат дел од преговорите за економски прашања. Иако нема ништо лошо во економскиот раст и развој, политичкиот конфликт бара политички решенија“, пренесе РСЕ извадоци од изјавата на Енгел пред првиот ден од состанокот во Вашингтон.

По разговорите во Вашингтон, предвидено е српската и косовската делегација да се состанат со европскиот министер за надворешни работи Јосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак во Брисел на 7 септември.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе