Одлуката за екстрадицијата на Асанж по американските избори

Британското правосудство ќе ја донесе одлуката за екстрадиција на Џулијан Асанж по американските претседателски избори на 3 ноември, соопшти денес судијката Ванеса Барајстер.

EPA-EFE

Основачот на Викиликс, 49-годишниот Австралиец, американското правосудство го бара за да му се суди за шпионажа. Му се закануваат дури 175 години затвор поради објавувањето на 700.000 тајни документи за американските воени и дипломатски активности, пред сѐ во Ирак и Авганистан.

Документите означени како тајни Викиликс почна да ги објавува во 2010 година.

Разгледувањето на американското барање за екстрадиција истекува следната недела, но судијката Барајстер ѝ одобри на одбраната на Асанж дополнително време за поднесување на аргументите.

„Одлуката најверојатно ќе ја донесам по изборите во САД“, кажа судијката која на одбраната ѝ даде четири недели за подготовка на аргументите, а две недели ѝ даде на амерканската влада.

И бранителите на Асанж кажаа дека одлуката најверојатно ќе биде донесена по изборите во САД.

„Очигледно е дека е малку веројатно дека ќе имаме одлука пред 4 ноември“, кажа адвокатот на Асанж Едвард Фицџералд. „Мора да имате предвид дека ќе се одржат избори и дека иднината е несигурна“.

Судијката Барајстер кажа дека точниот датум за одлуката за екстрадиција би можела да го донесе следната недела.

Асанж беше уапсен во април 2019, откако мина седум години во еквадорската амбасада во Лондон. Еквадор одлуката за укинување на дипломатскиот азил на австралискиот новинар ја оправда со кршење на меѓународните конвенции.

Британското правосудство треба да утврди дали ги исполнува американското барање за екстрадиција правните критериуми и особено дали е несразмерно или некомпатибилно со човековите права.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе