Приштинска Газета експрес

Одлуката на Курти ги подели ЕУ и САД, Германија се најде во средина

Владата на Ангела Меркел одлуката на косовскиот премиер Аљбин Курти делумно да ги укине царините против Србија ја гледа како прв чекор кон укинувањето на таа мерка, пишува приштинска Газета експрес.

„Сојузната влада ова го гледа како прв чекор кон целосно укинување на стоотстотните царини кои Косово им ги воведе на Србија и Босна и Херцеговина, и тоа останува нашата цел“, истакна портпаролот на германската влада за косовскиот весник.

Функционерите во Берлин истакнале и дека за косовската влада е многу важно да усогласи заеднички пристап.

„Според нас, за косовската влада е важно да се сложи околу заеднички пристап“, заклучи портпаролот на германската влада.

Европската Унија ја поздрави одлуката на владата на Курти да почне со делумно укинување на царините кон средината на март.

Меѓутоа, одлуката на Курти не му се допадна на специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалогот на Белград и Приштина Ричард Гренел.

Гренел во порака на својот официјален профил на Твитер порача дека САД не се согласуваат со таквите полумерки, барајќи моментално укинување на царините без наметнување понатамошни услови.

Тој истакна дека дека Курти прави сериозна грешка, и дека за тоа бил информиран косовскиот претседател Хашим Тачи. И тачи денес се огласи со реакција, истакнувајќи дека тврдоглавоста на Курти сериозно ги нарушува односите со САД.

И Демократскиот сојуз на Косово порача царините да се укинат веднаш и безусловно.

Заменикот на косовскиот премиер Авдулах Хоти истакна дека неговата партија нема да биде во влада која ги доведува во прашање односите со Вашингтон.

Премиерот на Косово Аљбин Курти синоќа на прес-конференција соопшти дека владата на Косово одлучи на почетокот да ја укине царината од 100 отсто на сировините кои Косово ги увезува од Србија.

Според него, таквата одлука ќе стапи на сила на 15 март, а во меѓувреме, доколку Србија ја сопре кампањата против независноста и ги отстрани нецаринските пречки за Косово, царините целосно ќе бидат укинати на 1 парил на период од три месеци.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе