Самитот на ЕУ со западен Балкан

Одложен најважниот настан на хрватското претседателство со ЕУ

Хрватското претседателство со Европската Унија поради ширењето на вирусот ковид-19 го одложи самитот меѓу земјите на ЕУ и западниот Балкан кој беше планиран за 7 мај во Загреб.

За да го ограничи ширењето на пандемијата на вирусот и да ги ублажи нејзините ефекти, хрватското претседателство со Советот на ЕУ одлучи да ги одложи до 15 мај сите неформални состаноци и конференции кои требаше да се одржат во Хрватска, соопшти хрватското претседателство.

Во одлуката е вклучено и одложувањето на загребскиот самит, пренесува хрватски Индекс.

Во договор со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ќе се обидат да најдат нов термин во јуни.

Доколку не биде можен физички состанок, ќе се предложи одржување на загребскиот самит преку видео-врска до завршувањето на хрватското претседателство на 30 јуни.

Загребскиот самит требаше да биде посветен на европската перспектива на западниот Балкна и беше планиран како најважен настан на хрватското претседателство со ЕУ.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе