Одбиена и тужбата на Трамп во Пенсилванија

Федералниот суд во американската сојузна држава Пенсилванија ја отфрли тужбата со која тимот на претседателската кампања на Доналд Трамп побара поништување на неколку милиони гласови добиени по пошта на претседателските избори на 3 ноември.

Фото: ЕПА

Агенциите пренесоа дека пресудата донесена од судијата Метју Брен е последна во низата удари на Трамп во неговите неуспешни напори да ги оспори резултатите од изборите во ноември, кои ги загуби од демократскиот кандидат Џозеф Бајден.

Брен ја опиша тужбата на тимот на Трамп како тензичен случај, исполнет со шпекулативни аргументи без основа.

Би-би-си јави дека Бајден освоил 80.000 гласови повеќе од Трамп во Пенсилванија.

Според сегашните проекции, Бајден има 306, а Трамп 232 електорски гласа, што го одредува победникот. Потребни се 270 електорски гласа за влез во Белата куќа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе