Од вулканот на Нов Зеланд врз луѓето паѓале карпи жешки 1.000 Целзиусови степени и отровни облаци (ВИДЕО)

Најмалку пет лицаа загинаа, а повеќе се повредени во ерупцијата на вулканот на новозеландскиот Бел Остров, популарна туристичка дестинација на кој во времето на ерупцијата имало околу 50 луѓе.

Од островот се спасени 23 лица. Пет починаа од добиените повреди, а 18 се во болница, како исчезнати се водат повеќе од 20 луѓе.

Кога вулканот еруптирал, луѓето кои стоеле во негова близина најверојатно искусиле облаци од жешка пареа, отровни гасови и уривање на опасни карпи, јавува Си-ен-ен.

Според вулканологот Џесика Џонсон од универзитетот Ист Англија, отровните гасови биле толку интензивни што туристите можеле да почувствуваат мирис на хемикалии.

„Од вулканот, во чиј кратер се наоѓаше кисело езеро, веројатно излегувала жешка пареа, а поради ерупцијата се уриваа карпи“, кажа Џонсон.

Таа смета дека повеќето повреди нстанале поради самата експлозија, а помал дел од изгорениците биле предизвикани од пареата.

Дерек Вајман, геолог од универзитетот на Сиднеј, верува дека вулканот при ерупцијата исфрлил материјал кој имал околу 1.000 Целзиусови степени.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе