„Доста е од европската колонизација“

Од Венецуела избркан амбасадорот на ЕУ

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го протера вчера амбасадорот на Европската Унија во Каракас поради санкциите на ЕУ на неговите поддржувачи.

EPA-EFE

„Доста е од европската колонизација на Венецуела. Амбасадорот на ЕУ мора да ја напушти земјата за 72 часа, доста беше од надмоќниот интервенционизам и расизам“, порача Мадуро од претседателската палата Мирафлорес.

Советот на ЕУ во понеделникот објави дека ќе санкционира 11 венецуелски службеници, обвинувајќи ги за поткопување на демократијата и владеењето на правото во јужноамериканската земја. Ќе им се забрани влез во ЕУ и ќе им се замрзне имотот.

ЕУ го признава опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за легитимен претседател на Националното собрание, иако врховниот суд на Венецуела претходно месецов пресуди дека владиниот сојузник Луис Пара треба да ја врши таа функција место него.

Гуаидо беше избран за претседател на парламентот во јануари 2019 година, а подоцна околу 50 земји го признаа за привремен претседател на Венецуела.

Пара, кој беше избран на официјално, но оспорувано гласање, е на листата на санкционираните. ЕУ смета дека тој не е легитимно избран.

Мадуро кажа дека санкциите се насочени против оние кои го бранат уставот и „одбиваат да ги следат наредбите на амбасадата на ЕУ во Каракас“, се истакнува во соопштението.

Тој го обвини европскиот блок дека подлегнува на притисоците на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата агресивна политика кон Венецуела.

Гуаидо го поддржуваат САД, ЕУ и американските сателити во Јужна Америка, а Мадуро Кина, Русија и локалните сојузници Куба, Боливија и Никарагва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе