Од Санкт Петербург до Сирија: Русија го одбележа Денот на морнарицата со парада на бродови и демонстрација на напади (ФОТО+ВИДЕО)

Руските морнари и офицери во неделата го прославија својот празник со парада на воени бродови, прелети на авиони и симулирани напади низ земјата и пошироко.

Денот на морнарицата е еден од најголемите државни празници во Русија и се слави во последната недела од јули. Иако морнарицата има историја подолга од три века, празникот во чест на нејзините достигнувања и моќ се празнува од 1939 година.

Санкт Петербург традиционално одржува најголема поморска парада. Четириесет и три бродови од сите четири руски флоти пловеле пред гледачите. Десетици авиони управувани од морнарицата, вклучувајќи ги и напредните борбени авиони Су-30СМ и амфибиските борбени авиони Бе-12.

На копно, околу 4.000 морнари во бели униформи марширале низ градскиот плоштад Палас.

Кина и Индија испратиле два од своите воени бродови за да учествуваат на големото празнување во Санкт Петербург. Инаку, индискиот воен брод ИНС Таркаш, присутен на парадата, бил изграден од бродоградилиштето Јантар во Калининград, Русија.

На спротивната страна на земјата, руската Пацифичка флота прва ја започнала прославата на денот на морнарицата благодарение на разликата во временските зони. Нејзиното шоу вклучувало симулиран амфибиски напад од страна на маринците, кои користеле оклопни транспортери БТР-82А, глисери и десантен брод за да симулираат преземање на контролата врз брегот.

Виетнам и Филипините испратиле бродови да учествуваат на овогодинешната прослава во Владивосток.

На свеченостите во Севастопол, Крим бил испален огромен ракетен оган од бродови за борба против подморници.

Релативно мала поморска парада е одржана во пристаништето Тарту, Сирија каде што Русија има база, надополнета со авиони обезбедени од воздухопловните сили. Борбените авиони Су-35, Су-34 и други авиони летале над деветте бродови и 500 војници кои учествувале на прославата.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе