Од кипарското езеро извлечено второ тело во куфер, најверојатно станува збор за дете (ВИДЕО)

Кипарската полиција од вештачкото езеро познато како „Црвено Езеро“ извлече втор куфер со човечки остатоци, и изгледа дека станува збор за детско тело.

35-годишниот кипарски воен офицер Никос Метаксас претходно им призна на истражителите дека убил пет жени и две девојчиња и дека три тела, жена од Филипини и мајка и ќерка од Романија, ги фрлил во вештачкото езеро, пренесува Асошиејтед прес.

„Ќе биде извршена обдукција врз пронајдените остатоци во обид да се идентификува жртвата“, изјави портпаролот на полицијата Андреас Ангелидес, а началникот на пожарникарската служба Маркос Транголас додаде дека нуркачи го пребаруваат дното на езерото за да го најдат третиот ковчег.

Ангелидес соопшти дека телото е најдено во „одмината фаза на распаѓање“ но не сакаше да каже дали станува збор за тело на дете или на возрасна личност, иако локалните медиуми јавуваат дека станува збор за дете.

Потрагата по телата, односно жртвите, почна сосема случајно откако минатиот месец поради исклучително обилни врнежи од поплавено рударско окно исплива првото тело. Жртвата беше идентификувана како 38-годишната Мери Роуз Тибурчио.

Потоа беше отворена истрага во која на 18 април беше уапсен Метаксас.

Неколку дена подоцна властите во истиот рудник најдоа тело на втора жена, 28-годишната Аријан Паланас Лозано, исто така од Филипините.

Осомничениот Метаксас ги призна убиствата и ги одведе истражителите во близина на воената зона надвор од главниот град каде што полицијата го најде телото на трета жртва, жена која се смета дека е Ашита Кадка Биста од Непал, но сѐ уште нема официјална идентификација.

Минатата недела полицијата ги најде посмртните остатоци на четврта жртва, која убиецот ја ставил во ковчег и ја фрлил во вештачкото езеро покрај населбата Митсероа, а неделава куферот со телото на петтата жртва.

Кипарските власти се обвинети за недоволен ангажман околу случајот, при што им се префрла за расизам. Претседателот Николас Анастасијадес во петокот го отпушти првиот човек на полицијата Захаријас Хрисостому, еден ден откако министерот за правосудство Јонас Николау поднесе оставка поради случајот.

Властите признаа дека сите исчезнувања на жените, кои метаксас призна дека ги убил, биле пријавени во полицијата, освен жената од Непал чие исчезнување било пријавено во емиграциски центар бидејќи не се појавувала на работа.

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе