Од Кина снимена силна експлозија, наводно во Северна Кореја и со повеќе мртви (ВИДЕО)

Видеото направено од Кина покажува експлозија во Северна Кореја, пренесуваат денес-агенциите, додека јужнокорејски извори тврдат дека дошло до истекување гас што ја предизвикало смртоносната експлозија во понеделникот.

Screenshot

Ројтерс не успеал независно да ја потврди автентичноста на снимката која ја добила Асошиејтед прес и порталот Дејло НК со седиште во Сеул, кој се занимава со ситуацијата во Северна Кореја.

Други јужнокорејски медиуми исто така се повикуваат на неименувани извори што наведуваат дека имало повеќе експлозии.

Дејли НК, повикувајќи се на севернокорејски извори, јавува дека 15 луѓе загинале во експлозијата и во пожарот што следувал во градот Хјесан во покраината Јанганг, во близина на границата со Кина.

Асошиејтед прес цитира патнички агент во кинескиот граничен град Чангбаи, кој ја видел експлозијата и ја снимил, но не ја знае причината за несреќата.

На снимката се гледа оган над врвовите на дрвјата, со звук на голем број експлозии.

Севернокорејските медиуми не го спомнуваат инцидентот, а јужнокорејските власти соопштија дека не можат засега да ги потврдат информациите.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе