Израел му возврати на Хамас

Од Газа испукани ракети на Ерусалим (ВИДЕО)

Кон Ерусалим од Газа биле испукани ракети, среде сè поголемите тензии меѓу Израелците и Палестинците. Израелските безбедносни сили возвратија со гранатирање на цели на Хамас во Газа.

Twitter

Нема информации за повредени. Израелскиот парламент е евакуиран додека во градот се слушаат сирени за тревога.

Од Хамас, кој владее во Газа, се заканија со штрајк откако стотици Палестинци беа повредени во денешните судири со израелските безбедносни сили.

Во изминатите денови во градот се случи насилство какво што не беше видено со години.

Над 300 Палестинци се ранети во пресметките со израелската полиција пред џамијата Ал акса во источен Ерусалим.

Подоцна се одржа марш на израелски националисти. Требаше да мине низ муслиманските делови на Стариот град на источен Ерусалим, но поради страв од немири беше пренасочен.

Денот на Ерусалим го одбележува израелското заземање на источен Ерусалим – домот на Стариот град и неговите свети места – во 1967 година. Обично стотици млади Израелци со знамиња минуваат низ муслиманскиот дел скандирајќи и пеејќи патриотски песни.

Многу Палестинци го сметаат тоа за намерна провокација. Годинешното одбележување се случува во последните денови на исламскиот свет месец рамазан.

Легенда под Главна слика

Twitter

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе