Од 2018 нема ниедно ново признавање на косовската независност

Иако во претходните две години на Косово се сменија три влади, ниедна од нив не успеа да обезбеди нови признавања на независноста, пишува Коха диторе.

EPA-EFE

Косово последен го призна Барбадос, на 15 август 2018 година.

За разлика од косовските власти, кампањата која ја води Србија предизвика досега 18 земји да го повлечат признавањето на Косово.

Министерката за надворешни работи на Косово Мелиза Харадинај Стубла изјави пред некое време дека ги спречила напорите на Србија за повлекување на две признавања на независноста на Косово, иако во јуни косовскиот премиер Авдулах Хоти се договори со српскиот претседател Александар Вучиќ да се сопре кампањата во замена за прекинување на обидите на Косово за членство во меѓународните организации.

Претседателката на одборот за надворешни работи, пратеничката на Алијансата за иднина на Косово Тиме Кадрљај истакна дека поради пандемијата е невозможно максимално да се прошири активноста за нови признавања и членство во меѓународните организации, но, според неа, напорите не ни престанале.

„Сега е период на пандемија и невозможно е лобирањето и движењето на луѓето одговорни за овие теми. Одложувањето на процесот на дијалогот веројатно доведе до престанување на процесот на признавање. Неправедно е што Србија нон-стоп лобира и ние на тоа се противевме на сите инстанци, и локалните и меѓународните“, кажа Кадрљај.

Експертот за политички прашања Дашним Исмаиљи истакнува дека неплодниот дијалог го довел Косово во неповолна ситуација кон Србија.

Според него, покрај дијалогот, и политичката криза го сопрела функционирањето на косовската дипломатија.

„Косово веќе неколку години нема политичка стабилност, а внатрешната политичка криза резултира со нефункционирање или неефикасна координација на дипломатијата. Покрај ова, друг фактор е недостигот на координација на косовската дипламатија и неследењето на интензивниот курс на лобирање за да се обезбеди субјективитет на државата во меѓународната политика“, смета Исмаиљи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе