Обвинети двајца чувари на Џефри Епстајн

Обвинети се дека ја фалсификувале евиденцијата откако пропуштиле да го проверат затвореникот.

Двајца службеници што биле одговорни за чување на Џефри Епстајн ноќта кога тој се самоуби се обвинети за фалсификување на затворските записи. Во обвинението на големата порота објавено во вторникот се обвинуваат чуварите Товал Ноел и Мајкл Томас дека не вршеле проверка на Епстајн на секој половина час, како што требало и дека ја измениле евиденцијата за да пишува дека го проверувале.

Епстајн беше пронајден мртов во неговата ќелија во август, додека го чекаше судењето под обвинение за сексуално злоставување тинејџерки.

Смртта на Епстајн беше прогласена за самоубиство, но тоа не ги запре теориите на заговор. Форензички патолог ангажиран од семејството на Епстајн да ја следи обдукцијата рече дека властите би можеле да помогнат во расчистувањето на работите со тоа што ќе бидат потранспарентни.

Во времето кога бил Епстајн бил пронајден мртов, обајцата чувари работеле прекувремено поради недостиг од персонал. Полицајците се пуштени на принуден одмор додека ФБИ и генералниот инспектор на Министерството за правда ги истражуваат околностите околу смртта на Епстајн. На Епстајн му бил воведен посебен надзор за да не изврши самоубиство кога беше пронајден на 23 јули на подот на ќелијата со модринки на вратот. Повеќе луѓе запознаени со работата на затворот рекле дека на Епстајн му бил укинат надзорот околу една недела пред неговата смрт, што значи дека не бил толку внимателно следен, но сепак требало да биде проверуван на секои 30 минути. Инспекторите веруваат дека тој не бил проверен неколку часа пред да биде откриен во неговата ќелија со чаршаф околу вратот.

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе