Обраќањето на Џон Стјуарт пред Конгресот: Засрамете се (ВИДЕО)

Џон Стјуарт, американскиот комичар и поранешен водител на сатиричната емисија Дејли шоу, одржа говор во американскиот Конгрес на тема финансиската помош и отштетата за болните пожарникати и припадниците на другите итни служби кои учествувале во спасувањето по терористичкиот напад врз кулите-близначки на 11 септември 2001 во Њујорк.

„Би требало да се засрамите“, им кажа Стјуарт на конгремсените, видно изнервиран од фактот што голем број од нив не дошле на сослушувањето на правосудната комисија на Претставничкиот дом (долниот дом на Конгресот) за обезбедување средства за Фондацијата за компензација на жртвите на 11 септември (ВЦФ).

Како што јавуваат американските медиуми, оваа фондација, која е формирана пред девет години за да ги покрие трошоците на лекувањето на пожарникарите, полицајците, брзата помош, персоналот на пристанишната управа и другите служби кои учествувале во спасувањето, останува без пари.

Голем број спасувачи заболеле од рак и хронични белодробни и други болести поради вдишувањето токсична прашина од урнатините од кулите близначки, откако припадници на Ал каеда ги урнаа забивајќи патнички авиони во нив.

Стјуарт фактот што речиси половина од членовите на комисијата не дошле на сослушувањето го окарактеризира како „срам за земјата“ и „дамка на оваа институција“.

„Додека седам тука, не можам да не помислам како оваа просторија е неверојатна метафора за тоа во што целиот процес на обезбедување здравствена заштита и надомест за спасувачите од 11 септември се претвори. Зад мене, полна просторија спасувачи од 11 септември, а пред мене речиси празен Конгрес. Болните и тие што умираат дојдоа тука за да разговараат со никого“, остро кажа Стјуарт.

Тој апелираше до Конгресот да обезбеди финансиски средства за ВЦФ за следните 70 години, за заболените да не мора да се гружат дали трошоците за лекување ќе им бидат покриени.

„Никој од овие луѓе не сака да биде тука“, додаде Стјуарт, реферирајќи на спасувачите кои дојдоа со него во Конгресот.

„Жал ми е ако звучам гневно и недипломатски, но лут сум. И вие би требало да бидете. Тие се исто така лути и имаат целосно право да бидат. Нема човек тука, нема празно столче на таа бина, кое не порачуваше: „Никогаш не заборавајте ги хероите од 11 септември, никогаш не заборавајте ја нивната храброст, никогаш не заборавајте што направија за оваа земја“. Е па ете ги! А каде се тие (конгресмените)?“, кажа Стјуарт.

„Вашата рамнодушност ги чинеше овие луѓе највредното нешто – времето“, кажа Стјуарт во солзи. „А идејата дека можете да им овозможите само уште пет години функционирање на ВЦФ бидејќи не знаете што ќе се случи за 5 години, можам да ви кажам дека сум прилично сигурен што ќе се случи. Многумина од овие луѓе ќе се разболат и ќе имрат“, додаде.

На крајот на својот емотивен говор доби овации од публиката, а снимката од говорот набрзо стана вирална на социјалните мрежи.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе