Облак од чад над ковид-болница во Москва (ВИДЕО)

Над болницата во Комунарка, еден од главните московски центри за лекување од коронавирусот, е забележан облак од чад, јавуваат руските агенции.

EPA-EFE

Телевизијата НТВ објави дека избил пожар во еден од болничките комплекси.

Новинската агенција РИА пренесе дека од локалниот оддел на руското министерство за вонредни ситуации соопштиле дека знаат за инцидентот и дека во тек е истрага.

Наводно дошло до експлозија на боца со кислород, но таа информација сè уште не е официјално потврдена.

Засега не е познато дали има повредени во пожарот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе