Објавени тајните документи за првата советска нуклеарна бомба (ФОТО+ВИДЕО)

Руската државна корпорација Росатом пред 75-годишнината на руската нуклеарна гранка на оружената индустрија го објави тајниот указ за создавањето на советската нуклеарна бомба, која владата на СССР му ја издала на Конструкторското биро број 11 (КБ-11) во јуни 1946 година.

Документите се објавени на сајтот „Историјата на Росатом“ во специјалната рубрика „Руската нуклерна индустрија – 75 години“. Меѓу документите е и указот за создавањето на реактивниот мотор „С“ (РДС) во две верзии со употреба на тешко гориво (С-1) и лесно гориво (С-2), под научно раководство на Лабораторијата број 2. Уредбата ја издал првиот раководител на нуклеарната индустрија Борис Ваников, а упатена е до директорот на КБ-11 Павел Зернов.

Во тоа време реактивниот мотор „С“ бил назив за атомската бомба, тешко гориво го означувало плутониумот за нуклеарното оружје, додека лесно гориво го претставувало ураниумот за нуклеарното оружје.

Покрај плановите и роковите, Ваников во писмото соопштил дека Советот за министри обврзал одредени експерти секој месец да поднесуваат извештај за работата во КБ-11.

Првиот советски нуклеарен тест РДС-1 бил одржан на 29 август 1949 година на полигонот Семипалатинск во Казахстан.

Конструкторското биро број 11 било главната конструкторска организација за создавање на нуклеарната бомба (денес тоа е Рускиот федерален нуклеарен центар – Рускиот научно-истражувачки институт за експериментална физика во Саров во Нижгородската област).

Лабораторијата број 2 на Академијата на науки на СССР била научниот штаб на советскиот нуклеарен проект (денес Институт Курчатов).

Како почеток на руската нуклеарна гранка на индустријата се смета 20 август 1945 година, кога советското раководство формирало низа организации неопходни за развојот на домашната нуклеарна индустрија и реализација на советскиот нуклеарен проект.

Тој ден претседателот на Државниот комитет на одбраната Јосиф Сталин го потпишал указот за формирање на Специјалниот комитет при Државниот комитет за одбрана. Со истата уредба било предвидено и формирање на штаб на советската нуклеарна индустрија – Првата главна управа, која подоцна била трансформирана во министерство за средна машиноградба на СССР, кое подоцна го наследи Росатом.

Денес со сите нуклеарни средства во Русија управува државната корпорација Росатом формирана во 2007 година, по истоимената сојузна агенција.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе