Експертите сметаат дека во нив нема пресудно откритие

Објавени стотици нови документи за убиството на Кенеди

Националниот архив на САД објави нова серија документи во врска со убиството на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди, претежно од доверливи архиви на ЦИА.

Објавени се речиси 680 фајла, вклучувајќи и 553 досега необјавени досиеја бидејќи на тоа се противела ЦИА повикувајќи се на националната безбедност.

Меѓу документите има детална архива на обидите за регрутирање советски дипломати за задачи во странство, со записници од прислушувани телефонски разговори.

Во архивата објавена на интернет има документи од Министерството за правда, Министерството за одбрана и парламентарната комисија што го истражувала убиството на Кенеди на 22 ноември 1963 година во Далас.

Комисијата заклучила дека тоа е дело на еден човек, Ли Харви Освалд, но тоа не го спречи ширењето на теории на заговор потхранети со стотици книги и филмови како „ЏФК“ на Оливер Стоун во 1991 година за ова убиство, кое им се припишуваше на Советскиот Сојуз, Куба, мафијата, па дури и на тогашниот потпретседател Линдон Џонсон.

Експертите за аферата Кенеди сметаат, сепак, дека овие милиони страници нови документи најверојатно не содржат никакви клучни наоди.

Третпат годинава Националниот архив на САД објавува серија досиеја, во согласност со законот на Конгресот од 1992 година со кој се бара сите документи поврзани со претседателот Кенеди да се објават во рок од 25 години.

Архивот веќе објави 3.810 досиеја на 24 јули и уште 2.891 досие на 26 октомври.

Претседателот на САД, Доналд Трамп им даде на ФБИ и на ЦИА шест месеци, до 26 април 2018 година, да го оправдаат необјавувањето на останатите документи.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе