Објавени снимките што ја шокираа Америка: Децата одделени од родителите плачат во кафези (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Американскиот истражувачки медиум Про публика објави снимки што со молскавична брзина се проширија на интернет.

Веќе со денови Америка ја потресуваат информации за присилна разделба на децата на илегалните мигранти од нивните родители. Неодамна се појавија и снимки со деца што се затворени во простор ограден со жичена ограда во Тексас, а Про публика објави аудиоснимки од децата на возраст од 4 до 10 години како плачат и ги повикуваат своите родители и роднини.

Поради политиката на „нулта толеранција“ заради спречување на нелегалната имиграција во период од шест недели, во текот на април и мај, 2000 деца се разделени од своите родители. Поради таквата политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се побунија неговата сопруга Меланија Трамп, но и Лора Буш, сопругата на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш.

На снимките објавени од страна на Про публика се слуша плачот на децата затворени во жичени кафези во еден од камповите на границата меѓу САД и Мексико, каде што пограничните агенти ги држат децата разделени од нивните родители - илегални мигранти.

На снимката се слуша детски плач, но и гласот на пограничен агент, кој, коментирајќи го плачот на децата одвоени од родителите, вели: „Имаме вистински оркестар тука. Недостига само диригент.“

Истовремено, објавени се и видеоснимки на деца затворени во жичени кафези во големиот пограничен центар во местото Мек Ален во Тексас.

Снимките на расплаканите деца и децата заробени во кафези молскавично се проширија на социјалните мрежи предизвикувајќи бурни реакции на оние што сметаат дека се работи за, најблаго речено, нехумана практика.

Меѓу нив е и републиканскиот сенатор и американски воен херој Џон Меккејн, кој на Твитер напиша дека практиката на разделба на семејствата е „навреда за хуманоста на американскиот народ и спротивна на принципите и вредностите на кои е изградена американската нација.“

Да можеме Благуна да ја прашаме за нашите јадови околу текстот од Нивици, би ја зачудиле.

повеќе

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе