Објавени снимки од заедничките руско-турски патроли во Сирија (ВИДЕО)

Руските и турските трупи заедно патролираат во курдските области на северот на Сирија откако минатиот месец претседателите Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган постигнаа договор за повлекување на курдските милиции од пограничната зона.

Раша тудеј објави снимка од операција на воената полиција на руската војска и турски војници кои тргнале од градот Камишли кон исток. На рутата вдолж турската граница долга 100 километри тие минале и низ неколку поголеми населби.

Рускиот дел од конвојот го сочинуваат оклопни возила „БТР-80“, „тајфун“ и „тигар“, додека Турците го користат својот оклопен транспортер „кирпи“.

Исто така, руски хеликоптери за првпат патролирале над градот Ајн Иса, околу кој неодамна курдските и турските сили водеа жестоки борби. Тој во моментов е под контрола на сириската армија по повлекувањето на курдските единици.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе