Исчезнато семејството на првата дама на Парагвај

Објавени снимки од моментот на уривањето на облакодерот во Флорида (ВИДЕО)

Во Мајами бич во американската држава Флорида се сруши дел од облакодер со 136 станови. Во тек е голема операција за спасување. Најмалку едно лице загина, а десет се пренесени во болница.

Фото: ЕПА

Облакодерот се сруши среде ноќ и 80 пожарникарски единици биле испратени на местото на настанот. Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушаат крици.

Потврдена е смртта на едно лице, а досега од урнатините се спасени околу 40 лица. Меѓу нив и едно момче.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис изјави дека во соработка со Црвениот крст е организирано привремено сместување за сите оние кои останале без дом поради уривањето на облакодерот во Сурфсајд.

„Навистина, навистина е трауматично да се види вакво рушење“, додаде тој.

„Следните чекори ќе вклучуваат соработка со градот, округот и сојузната држава за да се осигурат долгорочните потреби на оние кои настрадаа“, рече гувернерот.

„Спасувачките екипи сè уште напорно работат и бараат луѓе во урнатините“, заклучи Десантис.

Новинар на Фокс, Енди Слејтер објави на Твитер снимка од моментот кога се руши облакодерот во Сурфсајд, Флорида.

Облакодерот од 12 ката и 136 станови во градот Сурфсајд во близина на Мајами бич се урна среде ноќ. Уништени се 55 станови.

Роузи Сантана, сопственичка на стан во делот на облакодерот што се сруши во Сурфсајд, објави видео на Твитер снимено од надзорна камера.

Видеото од 13 секунди е снимено од камера активирана од сензор за движење и е инсталирана во двособен стан во сопственост на нејзиното семејство на седмиот кат на облакодерот во Сурфсајд.

„Тоа е нашиот стан, станот на моето семејство. Вчера си отидов од станот, секогаш ја вклучувам камерата кога заминувам и ова е снимката што ја добив. Камерата се вклучува кога сензорот детектира движење. Тоа и се случи, таа почна да снима, а потоа врската се губи“, изјави таа за Си-ен-ен.

Сантана рече дека нејзиниот стан е еден од оние што се наоѓале во делот на облакодерот што се сруши: „Нема веќе надеж за станот“.

Министерството за надворешни работи на Парагвај соопшти дека не успеале да стапат во контакт со сестрата на сопругата на претседателот на Парагвај, Марио Абдо Бенитез.

Сестрата на првата дама на Парагвај, Силвана Лопез Мореир, со сопругот и трите деца престојувале во стан на 10 кат од облакодер што се урна во два часот по полноќ во Сурфсајд, Флорида.

Парагвајското Министерство за надворешни работи соопшти дека не е познато каде се шестмината Парагвајци кои се наоѓале во облакодерот што се срушил.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе