Објавени сателитски снимки од ураганот на Бахамите, делови од островот под вода

Финската стартап компанија за производство на микросатели ИЦЕЈЕ, објави сателитска снимка која ја прикажува состојбата на Бахамите откако ги опустоши ураганот Доријан.

Овој втор најголем ураган што досега е забележан го поплави поголемиот дел од островот, при што сателитските снимки покажуваат колку состојбата е навистина драматична.

Се проценува дека повеќе од 60% од островот Гранд Бахама е под вода.

Овој најсилен ураган што ги погоди Бахамите досега уби седум лица и остави илјадници без домови.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе