Уништено оружје од Иран

Објавени сателитски снимки од израелскиот напад во Сирија (ФОТО)

Раша тудеј објави сателитски снимки од местото во Сирија кое беше мета на нападот на израелската воена авијација дента кога беше соборен рускиот воен авион Ил-20.

Фотографиите првично ги објави компанијата Имиџсат, која наведе дека станува збор за магацин за оружје во Латакија. На фотографиите, како што јавува РТ, се гледа дека објектот е целосно уништен.

„Израел главно не ги признава своите воени активности во Сирија, барем не веднаш. Сепак, израелската војска презема одговорност порано од очекуваното, бидејќи руското министерство за одбрана идентификуваше израелски авиони од типот Ф-16 како учесници на нападот, за време на кој од радарите исчезна рускиот авион Ил-20“, пишува РТ.

Москва упати критики на адреса на Израел бидејќи предоцна дал предупредување за нападот, со обвинувања дека рускиот авион бил искористен како „штит“ за израелските авиони.

„Гаѓајќи ги израелските авиони, сириската противвоздушна одбрана лансирала ракета која го соборила рускиот авион“, пишува руската агенција.

Израелската војска соопшти дека цел на нападот бил магацин за оружје на „сирискиот режим“, а дека оружјето било добиено од Иран и Хезболах.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го испрати шефот на својата воена авијација да даде детален извештај на Москва. Генерал-мајорот Амикам Норкин денес ќе пристигне во Русија за да ги презентира „израелските сознанија за целиот инцидент“ и информациите за подготовката на мисија, кои Израел претходно не сакал да ги сподели.

Иако руската војска ја осуди „непријателската провокација од страна на Израел“ и кажа дека „го задржува правото на соодветен одговор“, рускиот претседател Владимир Путин ја опиша загубата на авионот и екипажот како „последица на трагични околности“, и истакна дека инцидентот не го смета за намерна провокација.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе