Објавени сателитски снимки на Бејрут пред и по експлозијата (ФОТО)

Руската вселенска агенција Роскосмос објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија.

EPA-EFE

Покрај руската агенција, фотографии објавија и една израелска и една француска компанија.

Првата фотографија е од 4 ноември 2019 година, и на неа се гледаат голем број магацини, хангари и други објекти во близина на водата. Втората фотографија е направена денес и на неа се гледаат само контури на објектите во пристаништето.

Фотографиите ги направил рускиот сателит Канопсус В.

Фотографии од вселената објавија и компанијата Ербас спејс, како и израелската компанија Имиџ сат интернешнел.

Ербас објави фотографии од францускиот сателит Плејад. На нив се гледа дека сите магацини во пристаништето се уништени, а од станбените згради останале само урнатини.

Израелската компанија на своите фотографии го обележала размерот на кратерот кој настанал по експлозијата, како и површината зафатена од идарниот бран.

Објавена е и снимка од крузерот Ориент квин кој се превртел од силната на ударот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе