Објавени првите епидемиолошки резултати од отворањето на училиштата во Данска

Делумното повторно отворање на данските училишта не предизвика зголемување на бројот на заразени со коронавирус, изјави денес експерт за епидемиологија и превенција на заразни заболувања од данскиот Институт за серум повикувајќи се на нови податоци.

EPA-EFE/Philip Davali

Данска е една од првите земји што на 15 април ги отворија своите општества, по еден месец карантин, дозволувајќи им на учениците до петто одделение да се вратат на училиште.

„Не можете да видите негативни ефекти од повторното отворање на училиштата“, рече Питер Андерсен, осврнувајќи се на податоците ажурирани во средата.

Најновите податоци не покажуваат значителен пораст на заразените кај деца на возраст меѓу 1 и 19 години во седмиците по делумното повторно отворање на училиштата.

„Врз основа на прелиминарните искуства што ги имавме, планот за повторно отворање е разумен“, додаде Андерсен.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/Philip Davali

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе