Објавени детали за големиот грабеж во писта во Тирана (ВИДЕО)

Албанските власти го идентификуваа мажот кого полицајците го убија за време на грабежот на пистата на аеродромот во Тирана, утврдувајќи дека станува збор за сериски ограбувач на банки во Албанија и Грција, објави денес албанската телевизија Ора.

Убиениот ограбувач е Адмир Муратај, кој бил еден од тројцата напаѓачи што доцна во вторникот, како во холивудски филм, на пистата на аеродромот „Мајка Тереза“ украле големо количество пари, кои со оклопно возило се пренесувале до авион на Остријан ерлајнс, објави албанската телевизија.

Полицијата ја продолжува потрагата по другите двајца соучесници кои, според албанските медиуми, избегале со 2,5 до 10 милиони евра, пари кои албанските банки ги испраќале во Австрија, што е вообичаена пракса.

Муратај загинал во престрелката.

Албанските медиуми јавија дека ограбувачите користеле пушки и рачни гранати.

Подоцна биле најдени два изгорени автомобили, кои веројатно ги запалиле избеганите ограбувачи. Муратај е баран за најмалку три грабежи во Албанија во кои, според властите, украл вкупно седум милиони евра.

Грабежот во вторникот бил негов втор на тој аеродром. Наводно учествувал и во грабеж на оклопно возило со пари на приодот кон аеродромот во Тирана во 2015. А во 2017 учествувал во грабеж на железничката станица во Тирана.

Си-ен-ен Грис јави дека тој во 2013 избегал од грчкиот затвор во Трикала, каде отслужувал казна за повеќе грабежи. Тој бил единствениот од 11-те затвореници сѐ уште на слобода. Наводно користел најмалку 13 различни идентитети во двете земји.

Во времето на грабежот во вторникот сите патници биле во авионот, ербас А320, која требало да полета кон Виена. Медиумите јавуваат дека патниците не биле во опасност.

Авионот стигнал во Виена со два часа задоцнување.

Портпаролката на Остријан ерлајнс кажа дека воздухопловната компанија решила да го прекине превозот на парите од Тирана во Виена на неодредено време.

Ова не е прв ваков грабеж на тиранскиот аеродром. Во февруари 2017 ограбувачи однеле 3,2 милиони евра, а во јуни 2016 995 илјади евра. Во 2015 биле извршени два грабежи.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе