Мексико

Објавена снимката од апсењето на синот на Ел Чапо (ВИДЕО)

Мексиканската влада објави снимка од апсењето на Овидио Гузман Лопез, синот на наркобосот Хоакин Гузман, попознат како Ел Чапо.

Пред две недели специјалната полиција го уапси Овидио Гузман Лопез за време на рутински претрес на неговиот дом во мексиканскиот Кулиакан. Тој е обвинет за трговија со дрога во САД. Покрај него, во куќата имало уште тројца мажи.

Видеото од повикот на Овидио Гузман Лопез е објавено во средата, како дел од вонредниот извештај на владата, кој открива колку лошо тргнале наопаку работите во неуспешната операција на 17 октомври.

Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор инсистира дека извештајот ќе ги побие аргументите на критичарите кои велат дека катастрофалната операција довела неговата влада да изгледа слаба и го повикуваат да ја преиспита својата заложба за безбедносна стратегија „прегратки не куршуми“.

Кратко време по апсењето, во градот избувна хаос. Припадници на картелот Синалоа ја совладаа полицијата и таа се повлече за да спречи жртви и да ги заштити сопствените животи. Напаѓачите истовремено ги преплавија улиците, борејќи се со полицијата и војската на дневно светло. Запалиле автомобили и најмалку една бензинска пумпа.

Две лица загинаа, а 21 се повредени. Членовите на картелот ја фатиле радиофреквенцијата што ја користела полицијата и предупредиле за повторен напад против безбедносните сили, доколку Овидио Гузман Лопез не биде ослободен.

За време на хаосот, група затвореници избегале од затворот.

Еден од најмоќните светски наркобосови, 62-годишниот Ел Чапо во јули беше осуден на доживотен затвор плус 30 години дополнителни затворски казни.

„Тука немаше правда“, рече Ел Чапо кратко по пресудата.

Тој во февруари беше прогласен за виновен за кривични дела извршени за време на четвртина век, вклучително и шверц на стотици тони кокаин, хероин, метамфетамин и марихуана во Соединетите Американски Држави.

Ел Чапо се смета за најмоќен крал на наркотици од колумбискиот наркобос Пабло Ескобар, а картелот Синалоа го водеше со Исмаил Замбада наречен Ел Мајо од 1989-2014 година.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе