Објавена снимката на македонскиот државјанин кој удирал средоземна фока на плажа во Пула (ВИДЕО)

Тој вчера бил уапсен а потоа и протеран на пет години од Хрватска поради вознемирувањето на заштитеното животно, пренесува Индекс.

Настанот се случил вчера во 15:30 часот во Гортановиот залив во Пула, на плажа на која има едукативно пано за забраната за вознемирување на строгозаштитената средоземна фока. Како што јавуваат хрватските медиуми, од поголемиот број капачи кои ја набљудувале фоката која мирувала, се издвоил 56-годишниот македонски државјанин. Мажот се приближил на просторот кој бил ограден со ленти за забрана за приближување и неколку пати ја допрел средоземната фока по грбот и ја избркал од плажата кон морето.

Полициските службеници веднаш по пријавувањето на инцидентот пристигнале на плажата и утврдиле дека државјанинот на Македонија го прекршил Законот за заштита на природата, по што му била одредена казна од околу 200 евра, која веднаш ја платил. Било утврдено и дека 56-годишникот незаконски престојува на територијата на Хрватска по што бил уапсен и протеран од Република Хрватска на пет години.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе