19 мртви

Објавена снимка од уништениот ирански брод, чад на сите страни (ВИДЕО)

Откако фрегатата Јамаран на воената морнарица на Иран по грешка погоди пријателски брод, се појави снимка од експлозијата во Оманскиот Залив.

Во експлозијата загинаа 19 лица, а 15 се повредени, пренесува РТ. Сѐ уште нема други детали за трагедијата и истрагата е во тек.

Кратката снимка, која ја објавија ирански медиуми, го прикажува тешко оштетениот брод над кој има облак од чад.

Претходно денес беше објавено дека фрегатата Јамаран на воената морнарица на Иран по грешка погодила пријателски брод.

Тоа најпрво на Твитер го напиша директорот на политичкиот оддел на иранската информативна агенција Таксим Махди Бахтијари.

Трагедијата се случи во Оманскиот Залив. Противбродска ракета, лансирана од фрегатата, го погодила бродот за логистика Конарак, изграден од домашни фирми.

Иранската војска засега не ги потврди овие информации.

Јамаран е команден брод кој влегол во составот на иранската воена морнарица во 2010 година и се смета за еден од најсовремените во иранската флота. Тој е вооружен со противбродски ракети од кинеско производство, како и торпеда и друго оружје. Екипажот е составен од 140 морнари.

Оманскиот Залив е поврзан со теснецот Ормуз, низ кој минува една петина од светската нафта.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе