По штетата од цунамито во 2011

Објавена снимка од расчистувањето на нуклеарната централа Фукушума (ВИДЕО)

Новинарски тимови добија шанса да влезат во нуклеарната централа Фукушима во Јапонија за да го снимат напредокот направен по топењето на трите нејзини реактори во 2011 година, предизвикано од цунамито кое пак беше резултат на земјотрес со јачина од 9 степени.

Снимката објавена од нуклеарката јасно ја покажува предизвиканата штета и покрај процесот на расчистување.

Собирањето контаминирана вода во централата сѐ уште претставува проблем, години по катастрофата, а може да биде проблем и во следните децении. Се користат огромни резервоари за чување на контаминираната вода.

Сепак, истражување направено од Универзитетот на Џорџија и Универзитетот Фукушима, обајвено месецов, покажува дека на животните во регионот околу централата всушност им расте бројот.

Во околу 90 отсто од централата има толку малку радијација што потребни се само минимални заштитни мерки кога се шета низ нив. По катастрофата во 2011, околу 300.000 луѓе беа евакуирани од областа околу нуклеарната централа.

Околу 4.000 работници учествуваат во процесот на расчистување, главно за филтрирање на контаминираната вода, еден од најголемите проблеми во Фукушима. Надлежните служби тврдат дека процесот на филтрирање е толку ефикасен што водата може да биде вратена назад во животната средина.

Јапонија летово е домаќин на Олимписките игри, што значи дека Фукушима уште поагресивно се расчистува. Дел од олимписките настани ќе се одржат на само 60 километри од централата.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе