Полска

Објавена снимка од нови артефакти најдени во Хитлеровото „Волчје дувло“ (ВИДЕО)

Десетици предмети биле најдени во повеќенеделното ископување на штабот на Источниот фронт на Адолф Хитлер лоциран во Полска. Озлогласениот нацистички комплекс останал практично нечепнат откако Хитлер го напуштил во 1944 година.

На снимката може да се видат чешли, четки за заби, чинии, табли и други предмети најдени во „Волчјето дувло“, големиот комплекс скриен во зафрлена полска шума.

Меѓу артефактите има и сѐ уште функционална запалка. Повеќето предмети се обележани со кукасти крстови и други нацистички симболи. Зенон Пјотрович, менаџер на историската локација, вели дека новото откритие е важно бидејќи покажува како комплексот функционирал за време на војната. На пример, историчарите открија табла на која пишува „Берберница“.

„Волчјето дувло“ е местото на кое поручникот Клаус фон Стауфенберг го извршил неуспешниот атентат врз Хитлер во 1944 година. Бункерот бил целосно напуштен од нацистите во 1945, пред напредувањето на советската Црвена армија кон Берлин во последните месеци на војната. Комплексот е отворен за јавноста од почетокот на 1990-тите.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе