Објавена снимка од нападот во Германија: Излегол од автомобил и почнал да пука (ФОТО+ВИДЕО)

Плоцијата потврди дека едно лице е приведено, по пукањето во Хале во кое загинаа две лица, а други се повредени. На еврејските гробишта е фрлена и рачна граната.

Видеоснимка од нападот е објавена на Твитер. На видеоснимката се гледа како напаѓачот излегува од автомобилот и почнува наоколу да пука со сачмарка. Снимката е објавена од регионалната радио телевизија МДР.

На видеоснимка се гледа дека по првиот истрел напаѓачот се сопнува наназад од интензитетот на оружјето.

На социјалните медиуми се појави слика од наводниот стрелец, но сè уште не е потврдена.

Две лица се убиени во нападот. Еден осомничен е уапсен, но полицијата соопшти дека други лица избегале од местото на настанот, па на локалното население им е препорачано да се сокријат на безбедно место до понатамошно известување.

Локалната железничка станица е затворена и специјализирани полициски единици се вклучени во потрагата.

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе