Објавена снимка од моментот на апсењето на напаѓачот од Нов Зеланд (ВИДЕО)

Напаѓачот што утрово влезе во џамии во градот Крајстчерч на Нов Зеланд и пукаше во верниците, прво ја нападнал џамијата Ал нур, во која во моментот на нападот имало околу 200 луѓе, а потоа и втората, во Линвуд, оддалечена 10 минути.

Убиени се најмалку 49 луѓе, но бројката може да расте.

Во меѓувреме се појави снимка од апсењето на напаѓачот. На снимката се гледа полициски автомобил што од патот истуркал друг автомобил, најверојатно тој на напаѓачот. Автомобилот го опкружиле вооружени полицајци.

Убиецот на Фејсбук во живо го пренесувал почетокот на нападот. На социјалната мрежа се претставил како Брентон Тарант, 28-годишник од Австралија.

Полицискиот началник Мајк Буш го опиша напаѓачот како екстремно десничарски насилен терорист.

Полицијата уапси четири лица, а новозеландската премиерка Џасинда Ардерн потврди дека уште луѓе се поврзуваат со нападот.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе